Во Хрватска се појави „флурона“ – истовремена зараза со грип и ковид

4

Во Хрватска вчера е откриен првиот случај на заразени со „флурона“, зараза на грип и коронавирус. Ова го откри д-р Андрија Штампар од загрепскиот институт за јавно здравје во гостувањето на емисијата на ХРТ, пренесува Индекс.

„Вчера ги откривме двете зарази кај пациентот. Вирусот на грип и коронавирусот. Не е непознато дека е можно да се заразиме со неколку патогени одеднаш. „Флу“ на англиски е грип, па затоа оваа комбинација ја нарекоа флурона. Доаѓа сезона на грип, која обично се појавува меѓу Божиќ и Велигден, а иако минатата година го немаше, имавме вакви слични случаи и во текот на летото. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика кај луѓето кои ги имаат двата вируса одеднаш“, рече таа.

Пред неколку дена беше објавено дека е откриен првиот случај на флурона во светот, односно истовремена инфекција со коронавирус и грип. Првиот случај на „флурона“ е забележан кај мајка во еден израелски град.

Професорот Арнон Вижницер, директор на одделот за гинекологија во градската болница, изјави за израелски весник дека мајката била позитивна на коронавирус и грип штом била примена. За да бидат сигурни, тие го повторија тестирањето уште еднаш, а резултатите биле исти.