Во Црна Гора масовно го бакнуваа и пипкаа мртвиот Амфилохие, кој имал корона (ВИДЕО)

34

Црногорскиот митрополит Амфилохие беше погребен во Соборниот храм на Христовото воскресение во Подгорица, пред неколку илјади верници и со директен пренос на црногорскиот јавен сервис РТЦГ.

83-годишниот митрополит на Српската православна црква почина на 30 октомври од последиците кои врз неговото здравје го предизвикал вирусот ковид-19.

На погребот се собраа повеќе илјади луѓе, а многумина сакаа да го допрат или бакнат мртвиот Амфилохие.

Така луѓето се туркаа покрај мртвото тело, го допираа со раце, го бакнуваа и ги креваа децата за и тие да можат да го допрат.