Во Црна Гора од утре дозволен влез за македонски државјани со негативен тест

21

Црна Гора од утре ги отвора границите за македонските државјани. Директорот од Институтот за јавно здравје на Црна Гора Бобан Мугоша утрово кажа дека се отвораат границите за Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија.

Влезот ќе биде дозволен со негативен ПЦР тест или серолошки тест.

Отворањето на границите како што кажа Мугоша доаѓа по барањата на туристичките работници.

Мугоша кажа дека локалната трансмисија на вирусот во Црна Гора и понатаму е висока, но под контрола.

„Очекуваме пад на кривата на нови случаи на ковид-19. Бројката на нови случаи е одраз на нашето однесување. Сите се однесуваме неодговорно и затоа дневно имаме по 50-60 случаи од 450 тестирања во просек“, рече директорот Мугоша.