Во Чаир, Аеродром, Карпош и Гази Баба има над 100 активни случаи на заразени со Ковид-19

10

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројот на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.200.

Најголемиот број на активно заразени се од Скопје 1.057, па следуваат градовите Штип со 342 заразени, Гостивар со 303 и Куманово со 264.

Во четири скопски општини пак бројот на заразени е над 100, односно во Чаир со 152 заболени, Аеродром-132, Карпош-108 и Гази Баба со 103.Голем број на заразени, односно над 90 активни случаи има и во Центар и Кисела Вода.