Вработените во „Македонски пошти“ ќе добијат покачување на платите – штрајкот ќе биде прекинат

3

Откако вработените во „Македонски пошти“ денеска почнаа со штрајк за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари, експресно се договорија ссо управниот одбор на акциоенрското друштво, па вработените во техничкиот процес може да очекуваат поголема плата од јули, а администрацијата од август.

– Денеска започнавме генерален штрајк во „Македонска пошта“, за реализација на барањата на вработените: линеарно зголемување на платите на вработените во македонска пошта. Тука се членовите на Управниот одбор со кои ќе имаме состанок, а нивниот предлог е прво линеарно зголемување на платите на технолошкиот процес од 1 јули, а со оглед на финансиските можности на компанијата за останатите вработени во администрацијата зголемувањето да биде од 1 август, што би се исплатило во септември. Со тоа, денеска со Синдикалните одбори, штом ја добиеме понудата од Управниот одбор ќе разговарами и ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата од УО штрајкот ќе биде прекинат – рече Боро Велигденов претседател на Синдикатот на пошта на денешната прес-конференција.

Директорот на Македонска пошта, Јани Макрадули, појасни дека и за денешниот ден, вработените кои ,иако штрајкуваат, ќе добијат 100 отсто дневница, затоа што законски мора да примаат испорачуваат пратки кои се препорачани, судски и други видови пратки.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија рече дека со раководството на Македонска пошта договориле да изработат и нов колективен договор, со цел вработените кои не доаѓаат на работа, да се спречи да земаат плата.

– Ќе се потрудиме да нема работници кои не идат на работа, а земаат плата на штета на останатите работници, а да трпиме критики како не сме продуктивни. Инаку, барањето од 3.000 денари е прифатливо, дијалогот значи компромис, односно да важи тоа од 1 јули за технолошките работници, како општи работници, поштари, шалтеркси работници, но не ги изоставаме и административните службеници кои се на ракоовдни функции и за нив ова покачување од 3.000 денари би важело од 1 август, да се исплати на 1 септември – рече Димовски.