Врската на Бен Афлек и Ана де Армас беше многу комплицирана, тврдат нивни пријателис

25

Sвездата на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ и новата Бонд девојка неодамна ја прославија својата едногодишна романса и кога се чинеше дека нивната врска е успешна, тие решија да се разделат, коментираат медиумите додавајќи дека на крајот излезе дека сакаат различни работи.

„Ана има голема енергија. Бен се чувствуваше среќен Ана да е во негова близина. Но, сепак беше многу комплицирано. Ана е млада и авантуристка. Кога не работи, таа сака да патува. Таа не сака да живее во Лос Анџелес, а тој сака да остане во ЛА бидејќи таму се неговите деца,“ , извор близок до парот изјави за магазинот „Пипл“

Иако повеќе не се заедно, изворот тврди дека сè уште се сакаат. „Меѓу нив двајцата има уште многу љубов.“

„Разделбата е пријателска. Ана е одлична, но Бен има семејство и тој навистина сака да биде тука за неговите деца, а Ана е на друго место во нејзиниот живот … жалосно е, но за Бен , неговите деца доаѓаат над сè.“

За Де Армас, Лос Анџелес е само место за работа. Таа има куќа во Куба, каде што сè уште живее нејзиното семејство и смета дека тоа е нејзиниот дом, според пријателите.

„Таа е во ЛА поради работа, како и сите актери, таа живее каде и да ја носи работата “, порталот „Пејџ сикс“ цитира еден од пријателите на Армас.

Ана одлучи дека не сака да живее во Лос Анџелес, а Бен сака да биде близу до неговото семејство “, рече изворот кој ги познава двете ѕвезди. „Негов приоритет е да се вкорени во ЛА. Тие се на различни места во нивните животи“.

Исто така, проблем е што Де Армас (32) сака да има свои деца, додека, Афлек (48), наводно, не сакал да има повеќе деца.

Афлек, кој има три деца – Виолет (14), Серафина (11) и Семјуел (8) со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер – се сретна со Ана на снимањето на „Длабока вода“. Почнаа да се појавуваат заедно во март минатата година кога беа забележани како уживаат во романтично бегство во Хавана.