Вулкан на Филипините започна да исфрла лава, се стравува од „опасна ерупција“ (ФОТО+ВИДЕО)

6

Вулкан на Филипините започна да исфрла лава во понеделникот, при што властите предупредуваат дека „опасна ерупција” е можна „за неколку часови или денови”. За глетката да биде уште позастрашувачка, се гледаат молњи во облакот чад.

Во раните утрински часови, започна да се излева лава од вулканот Тал на околу 70 километри јужно од главниот град Манила, јави Би-би-си.

Откако вулканот исфрли голема количина пепел, властите наредија евакуација на 8000 луѓе.

Сместен на остров во центарот на езерото, вулканот Тал е еден од најмалите на светот.

Во изминатите 450 години се забележани најмалку 34 ерупции.

„Вулканот Тал влезе во период на интензивни немири“, се вели во соопштението на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Нивото на опасност е подигнато на 4, од максималните 5 степени.

Властите предупредуваат на евентуално „вулканско цунами“, кое може да биде предизвикано со падот на остатоците по ерупцијата и предизвикување бранови.

Во неделата, вулканот исфрли голем облак чад, со потреси.