Вучиќ вечерва ќе ја соопшти одлуката за Белград: Следи полициски час или затворање на градот?

155

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на препорака на Кризниот штаб вечерва би требал да ги соопшти најновите рестриктивни мерки за Белград заради коронавирусот, дознава Б92.

Како што тие пренесуваат, Вучиќ мерките ќе ги пренесе вечерва при гостувањето на РТС, а сето тоа е заради неповолната епидемиолошка ситуација во главниот град на Србија.

Според најновите податоци, од вкупниот број на тестираните во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 отсто од заразените се од Белград.

Претседателот на Србија вечерва, по состанокот на Кризниот штаб, ќе ја објави конечната одлука за новите ригорозни мерки за сузбивање на епидемијата во Белград.

Според Б92, се размислува за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или дури и потполно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и излез од градот.