Вучиќ жестоко пречекан во Париз од група демонстранти

12

После жестоките протести во Белград и другите српски градови, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера отпатува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Александар Вучиќ и во француската престолнина беше пречекан од демонстранти – српски студенти и докторанти кои со голем број на транспаренти испратија јасна порака до првиот човек на Србија.

„Ти си Ковид на Србија“, му порачаа на Вучиќ група на студенти и докторанти во Париз пред резиденцијата на српскиот амбасадор во Франција.

Младите Срби носеле транспаренти на кои на српски и француски јазик пишувало: „Ти си Ковид, Пендрек демократија, Мамо и тато, ова е за вас, За тебе тато, Ако сте мислеле дека Србија е ваша, малку сте се зае****, таа малку е и наша“ и слично, пренесува Нова.рс.