Вучиќ не знае кога би можел да започне повторно дијалогот со Косово

9

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече деке не е сигурен дали Србија ќе биде дел од Европската Унија дури и да се постигне договор со Косово, но според него, тие остануваат на европскиот пат.

Во едно интервју за “TV O2”, прашан кога би можело повторно да започне дијалогот со Косово, тој кратко одговори: “Не знам“.

Вучиќ рече дека изборите во Србија ќе се распишат на крај на април или почетокот на месец мај.

-Ова е едно од ексклузивните права на Претседателот на Рапубликата, и јас сум мислел дека тие ќе бидат распишани на 22 март или на 15 март, но премиерката Ана Брнабиќ побара да се одложат колку што е можно повеќе- изјави Вучиќ.

Тој го наведе и можниот датум за одржување на парламентарните избори, на 26 април или на 3 мај 2020 година.