Вучиќ не исклучува воведување 24-часовен карантин

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи на телевизијата РТС изјави дека не исклучува воведување 24-часовен карантин.

14

Тој наведе дека е вознемирен секој ден кога ќе чуе колку заразени и починати има од коронавирусот во Србија.

На прашањето дали во Белград ќе се воведува 24-часовен карантин, Вучиќ одговори:

„Не би исклучил таква одлука“, и додаде дека се чекаат бројките за таквата одлука.

Во Србија има 2,447 случаи на коронавирус, 61 починат и 118 лица излечени.