Вучиќ: Не очекував Црна Гора ниту да излезе од НАТО, ниту да го повлече признавањето на Косово

12

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека од новата власт во Црна Гора не очекувал ниту дека ќе излезе од НАТО ниту дека ќе го повлече признавањето на Косово.

„Не очекував ни да излезат од НАТО ни да го повлечат признавањето на Косово, знаев дека се тоа празни приказни“, кажа Вучиќ за РТС.

Тој истакна дека сака Србија да има поблизок однос со Црна Гора, и дека ќе се труди двете земји да имаат подобри односи.

„Се трудев да бидеме коректни, не се согласувавме со законот за верски слободи, беше загрозен идентитетот на нашиот народ“, кажа тој.

„Вака е полесно, вака ќе ги чукнат по рамо во американската или која било друга амбасада“, кажа тој.

Вучиќ напомена дека Србија ќе биде секогаш со Србите во Црна Гора.

„Сакам да им кажам на Србите дека секогаш ќе бидеме со нив, а на граѓаните на Србија да им кажам дека имаме една своја земја“, кажа тој.

Напомена дека и идните носители на власта во Црна Гора за прва дестинација на официјална посета избрале некои други земји, а не Србија.

„Политичарите доаѓаат до власта, а потоа… знам јас како оди тоа, се имам нагледано разни“, кажа Вучиќ.