Вучиќ: Тоа што го прават одредени европарламентарци е терор

„Тоа што го прават одредени европратеници е терор“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги примедбите на одредени членови на Европскиот парламент за состојбата со демократијата во Србија.

12

„Тие велат дека сакаат да разговараат со членовите на РЕМ, кои нив им одговараат. Се повикуват на институциите, а цело време ги кршат. И после тоа нас ни држат проповеди и предавања, што нема никаква смисла“, изјавил Вучиќ во интервју за „Вечерње новости“.

Тој додал дека, без оглед колку „одвратност“ ќе изговорат преку регионалните медиуми, каде, според Вучиќ, кампањата е координирана, европратениците не можат да ја намалат поддршката на граѓаните која ја имаат.

Коментирајќи го фактот дека некои лидери на опозицијата им пишуваат на членовите на Европскиот парламент, Вучиќ забележал дека не може некој да бара поддршка од народот на Србија, а потоа да оди пред ЕУ и да каже дека го пријавува претседателот, затоа што тој имал најдобри односи со Кина.

„Сите го знаат тоа, јас не го направив тоа тајно. За време на Втората светска војна, германската воена команда апелираше дека нема да прифати пријави за откажување во Белград, затоа што имало премногу од нив. Тоа е истото и сега“, заклучува Вучиќ.