Вучиќ: Ќе се вакцинирам со кинеската вакцина

30

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на прес-конференција истакна дека викендов ќе се вакцинира со кинеската вакцина.

Тој на денешната прес-конференција рече дека е малку настинат, па ќе почека додека ја прими вакцината.

„Веројатно за викенд ќе ја примам кинеската вакцина“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека кинеската вакцина е квалитетна, дека е најскапа од сите пристигнати во Србија, и дека досега не покажала негативни појави кај сите што ја примиле.

Вучиќ на новинарско прашање дали стравува како би реагирала ЕУ за кинеските вакцини, одговори:

„Не ме интересира дали и како ќе реагира ЕУ. Јас ќе правам се да ги спасам животите на нашите граѓани“, рече претседателот.

Претходно тој за давањето вакцини на Македонија, истакна дека тоа пријателски чин на земја во неволја, и дека залудно е граѓаните на Србија да бидат здрави, ако соседите имаат проблеми.