Вујовиќ: Загрижен сум, мечот со Монпелје ни покажа многу работи

8

Веселин Вујовиќ откри дека нема да може да смета на Борко Ристовски на натперварот против Алборг, голманот кој всушност беше херој во големата победа која ја оствари Вардар на првиот натпревар кој се одигра во Скопје.

Поранешниот македонски репрезентативец има ситна повреда и го пропушта гостувањето во Данска, натпревар кој Вујо очекува да биде навистина многу поразличен од оној во македонската престолнина, бидејќи фаворитот сигурно нема да ги повтори грешките од првиот меч.

– Вториот меч со Алборг ќе биде многу поразличен од првиот во Скопје. На домашен терен се обидовме да не влеземе во нивниот ритам, да ги забавиме, не трчавме, а крајниот резултат е показател дека успеавме во нашата намера. Алборг сигурно нема да ги повтори грешките од Скопје. Ќе трчаат многу и тие се многу посилни од нас во тој сегмент, во контри и полуконтри.

Тренерот на Вардар се надева дека нема да се почувстува отсуството на Борко, но е загрижен од огромните очекувања кои ги создаде самиот тим, но и цела македонска јавност.

– Ќе ни недостасува Борко поради повреда, но има кој да го замени. Малку сум загрижен по мечот со Монпелје. Нашите очекувања и оние на јавноста станаа преголеми, поголеми од тоа што треба. Тој меч ни покажа дека во Европа се игра силен ракомет, нема лесни противници. Вардар мора да се поправи во многу работи за да игра со најдобрите. Не одиме со бело знаменце во Данска, ако можеше Мешков да игра егал до самиот крај, можеме и ние, – изјави Вујовиќ.