Вчера се вакцинирале 11 598 граѓани: 47 отсто од граѓаните над 70 години примиле барем една доза

9

Во текот на вчерашниот ден во земјава се вакцинирале 11 598 граѓани, од кои само 2 504 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале.

Со ова бројот на вкупно вакцинирани граѓани се искачи на 231 014, од кои 59 815 се вакцинирале и со втора доза.

„Со последните бројки, 47% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“,соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму констатираат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и досега бројот на граѓани што се пријавиле на веб-платформата vakcinacija.mk изнесува 427 535.