Галетановски – Чомбе тврди дека не бил со уапсениот директор со кокаин, ниту го претресувале за дрога

46

Директорот на Зоолошката градина Ѓорги Галетановски – Чомбе тврди дека ниту бил во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“, кој беше уапсен со кокаин, ниту бил претресен за поседување на дрога, како што обвини вчера Ирена Попова, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве дека сака да биде актуелна госпоѓица Ирена јавно ќе и одговорам дека дрско лаже, дека МВР не крие ништо и дека нит сум бил таму, нит ме претресле некаде. Воедно ќе и порачам дека ако не ми се извини јавно ќе добие тужба за клевета и нарушување на углед. Госпоѓице Ирена. имате нови 4 години за да се докажете кај новото раководство на ДПМНЕ , така да пробајте се во глумата сигурен сум дека покрај другите способности ве бива и за тоа“, пишува Галетановски на Фејсбук.

Советничката Попова на прес конференција вчера праша и дали е вршен притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба? Таа во име на советничката група, побара градоначалникот Шилегов јавно да се извини, но и сам да понесе оговорност и да замине од функцијата .