Гвардиола: Ние го натеравме Ливерпул да биде подобар

11

Актуелниот првак Манчестер Сити ја губи битката за шампионската титула со европскиот шампион Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп буквално гази се пред себе во Премиер – лигата и во 17 натпревари има ефект од 16 победи и само едно реми. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека токму Манчестер Сити го натерал Ливерпул да оформи толку квалитетен тим.

„Кога почнав во Манчестер Сити во 2016 година, некој критериум за освојување на шампионската титула беа 85 бода. Сега треба да освоиш 100 за да станеш шампион. Ние му помогнавме на Ливерпул да го направи тој голем чекор и да купи неверојатни играчи, а сега треба да го бркаме нивното ниво. За 11 години ниту еден тим не ја освои титулата двапати, а ние тоа го сторивме откако победивме на 14 меча едноподруго. Сега луѓето зборуваат дека ние не сме доволно добри, но јас не можам да заборавам што направи овој тим“, изјави Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити денеска му гостува на Арсенал, а зад Ливерпул, кој има одиграно меч повеќе, заостанува огромни 17 бода.