Германија наскоро ќе ги укине ковид мерките, вели Шолц

3

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Тоа го најави канцеларот Олаф Шолц денеска по разговорите со регионалните лидери.

– Државата ќе започне со план од три чекори за постепено отстранување на голем дел од сегашните ограничувања до 20 март, изјави Шолц.

Тој додаде дека Германците, сепак, мора да продолжат да носат заштитни маски и да бидат претпазливи бидејќи „пандемијата не е завршена”.