Гигс го избра идеалниот тим на Манчестер Јунајтед – го нема Роналдо (фото)

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го избра идеалниот тим на фудбалери со кои тој играл на „Олд Трафорд“.

6

Гигс целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед и е една од најголемите легенди на „црвените ѓаволи“ со одиграни 963 натпревари во црвениот дрес.

Велшанецот играше со неколку одлични генерации и големи шампиони, но она што е интересно е што во идеалниот тим не ги смести Кристиано Роналдо и Немања Видиќ – фудбалери кои испишаа историја на „Олд Трафорд“.

Изборот на Гигс е Шмајхел на голот, во одбраната се Гери Невил, Фердинанд, Силвестре, Ирвин, во средниот ред Бат, Сколс и Кин, а во нападот Руни, Бекам и Солскјер.