Гир: Согласност околу рамката за преговори, па Меѓувладина конференција

20

Меѓувладината конференција со ЕУ ќе се случи откако претходно ќе се постигне согласност околу рамката за преговори, рече во одговор на новинарско прашање новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.

Тој изразува оптимизам дека под водство на германското претседателство, Конференцијата би можело да се очекува дека ќе се случи до крајот на годинава.

„Германското претседателство со ЕУ се надеваат дека Конференцијата ќе ја има пред крајот на годинава“, рече Гир.