Голем дел од западна Европа под влијание на топлотен бран со рекордни температури и пожари

0

Пожарникарите се соочија со нови пожари додека голем дел од западна Европа се пече во исцрпувачки топлотен бран.

Велика Британија , вообичаено навикната на поблага клима, за прв пат забележа температури од над 40 степени целзиусови.

Германија го забележа најтоплиот ден во годината досега, додека Португалија го зголеми бројот на жртви по деновите со прекумерна топлина.

Рекордните температури во Велика Британија, предизвикаа голем број на пожари во оваа земја.

Голем пожар во Венингтон во источен Лондон, зафати населени места,осум домови и веројатно локална црква биле уништени во пожарот, во Белгија избувна пожар во Дини во белгиското одморалиште Де Хан, при што изгореа неколку возила. Но, по големите горештини, земјата сега се подготвува за дождови.

Во Франција, 64 различни области во понеделникот регистрираа рекордно високи температури.

Метеоролошките предупредувања се уште се во сила во Германија бидејќи топлотниот бран продолжува да се движи кон север и исток.

Во Грција, шумски пожар поттикнат од силни ветрови беснее во планинскиот регион пентели, во близина на Атина. Тој ги оштети домовите и ги натера локалните власти да евакуираат најмалку четири области и една болница.