Голем јаз има помеѓу највисоката и најниската плата во државата.
Ова го поткрепуваат статистичките податоци. Според Државниот завод за статистика во компјутерското програмирање, консултантските и сродните дејности во октомври е исплатена просечна плата од 60.899 денари. Просечната нето плата по вработен во државата во октомври е 25.726 денари, односно компјутерџиите за еден месец заработиле скоро 2,4 просечни плати.
Најмала просечна плата е регистрирана во секторот заштитата и истражување, односно вработените во овој сектор добивале само 13.707 денари.
Од владејачката СДСМ се пофалија дека за 2.5 години минималната плата се зголемила за 5.500 денари.