Голманот на Верона го провоцираше Ибра пред да го изведе пеналот: Го промаши претходниот, така? (ВИДЕО)

14

Марко Силвестри ја доби психолошката војна со Златен Ибрахимовиќ, пред напаѓачот на Милан да го изведе пеналот, голманот на Верона го потсети дека го промаши претходниот обид и го натера одново да погреши.

Милан и Верона синоќа одиграа возбудливо реми, гостите водеа со 0-2 по дваесетина минути игра, но домаќините со гол во 93. минута се изборија за бод. Резултатот можеше да биде поинаков доколку Златан Ибрахимовиќ погодеше од белата точка во 65. минута.

Швеѓанецот биеше лошо преку голот и трет пат оваа сезона не успеа да реализира најстрога казна.

Со оглед на тоа дека нема публика, често може да се слушне што велат играчите долу на теренот, а пред да шутне, Златан Ибрахимовиќ беше провоциран од голманот на Верона.

„Го промаши претходниот, така?“ – беа зборовите на Марко Силвестри, кои можеби го исфрлија малку од ритам искусниот голгетер.

По крајот на натпреварот, Златан Ибрахимовиќ пораче дека нема да го шутира следниот пенал.

„Лут сум. Имавме многу шанси, јас промашив пенал. Мислам дека следниот ќе му го оставам на Кеси. Така е најдобро…“ – вели Ибра.

Запрашан за провокацијата од Силвестри, со насмевка на лицето додаде: „Во право беше, навистина го промашив претходниот“.