Голмански феномен во Русија: Прими десет гола, а беше избран за МВП

20

Младиот голман на Ростов, Денис Попов, сосема неочекувано се најде во фокусот на вниманието на фудбалската јавност откако ја доби МВП-наградата на мечот Сочи – Ростов, иако прими десет гола на овој натпревар.

Сочи славеше со 10-1, но мора да се истакне дека гостите поради инфицирани фудбалери со коронавирусот мораа да го стават целиот прв тим во карантин, па во Сочи допатуваа со У-18 екипата. Младите фудбалери беа немоќни да се носат со повозрасните домашни играчи, а единствениот кој парираше беше токму голманот Попов.

Тој прими десет гола, но имаше и дури 15 успешни интервенции (еден одбранет пенал), со што постави рекорд во руската лига и апсолутно го заслужо МВП-признанието. Погледнете ги одличните одбрани на Попов на дуелот во Сочи.