Горивата поевтинуваат

12

оривата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за два денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари односно 64 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар и ќе изнесуваат 54,5 односно 43,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 денари на 28,895 денари за килограм.