Градоначалникот Богдановиќ десет дена на Инфективна: Ова е опасно зло

20

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ објави дека десетина дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но дека сега е пуштен на домашно лекување. Тој предминатата недела објави дека има позитивен тест и од тогаш се лекувал во болнички услови. Порачува граѓаните да ги почитуваат мерките и ограничувањата.

„Поради позитивниот тест и мојата состојба со КОВИД 19, по препорака на докторите изминативе десеттина дена бев хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Веќе се чувствувам подобро и од вчера сум на домашно лекување, ги следам советите на медицинските лица и овие денови моите работни обврски ќе ги извршувам од мојот дом.

Апелирам до сите: Почитувајте ги здравствените протоколи и препораките од надлежните институции, носете заштитни маски, одржувајте дистанца, водете сметка за личната хигиена, немојте да се групирате. Само со одговорно однесување и со почитување на сите мерки и препораки ќе го победиме ова опасно зло наречено коронавирус, напиша Богодановиќ