Градоначалникот на Студеничани Азем Садику од ДПА премина во Алијанса за Албанците

5

Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците.

– Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!, објавија Алијанса за Албанците на Фејсбук.