Град Скопје дава 100 евра за седење дома

6

Град Скопје со награда од 100 евра ќе ги мотивира граѓаните да седат дома. На Официјалната страна на Градот се појави повик под хаштаг СкопјеДома.

– Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.

Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на Корона вирусот и учествувајте во конкурсот секој ден, се вели во повикот.