Граничната полиција на британските аеродроми ќе штрајкува за време на божиќните празници

4

Припадниците на граничната полиција на неколку големи британски аеродроми, вклучувајќи го и лондонскиот Хитроу, најпрометниот аеродром во Велика Британија, ќе штрајкуваат за време на божиќните празници поради ниските плати, соопшти денеска нивниот синдикат.

Во соопштението на синдикатот се наведува дека припадниците на граничната полиција, вработени во внатрешноста на земјата, ќе ги преземат пунктовите за пасошка контрола на аеродромите Хитроу и Гетвик, како и на аеродромите Бирмингем, Кардиф, Глазгов, Манчестер и Њухејвен.

Генералниот секретар на синдикатот Марк Сервотка потврди дека во штрајкот што ќе трае од 23 до 31 декември ќе учествуваат од две до три илјади вработени во граничната полиција.