Груби до Заев: Самокритиката е добра особина

11

Заев зборува за мене, но и за себе, одговори пратеникот Артан Груби на забелешката на премиерот Зоран Заев дека политичарите понекогаш лупаат глупости.

– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.