Груби: Заев во Влада отвори дебата за марихуаната, но тешко дека ќе се легализира

19

Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека премиерот Зоран Заев кратко на владина седница отворил дебата за легализација на канабисот за медицинска, како и за рекреативна употреба.

„Дебатата траеше кратко. Ова прашање е нова иницијатива, не е во програмата на Владата. Добро е да се отвори дебата за ова прашање, широка дебата, да го слушнеме гласот на народот, а потоа ќе одлучиме, но сепак тешко е да се реализира засега“, вели Груби.