Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

4

Власта разговара со опозициски пратеници за уставните измени со кои Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, а во замена, нашата држава ќе почне со преговорите со ЕУ. Ова е заклучокот од одговорот на вицепремиерот Артан Груби, кој кажа дека разговорите влеваат доверба.

„Јас сум апсолутен оптимист. Имаме поддршка од сите про-европски сили во однос на европскиот пат и уставните измени. Се уште зборуваме македонски, јас зборувам македонски, никој не нѐ асимилираше и бугаризираше, тоа беше лажна вест. Исто како што беше лажна вест Тиранската платформа, дека сите ќе мора да учат албански. Реалноста е дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде официјален во ЕУ. Нашите секојдневни контакти, со опозициски пратеници, ни влеваат доверба дека тие ќе ги поддржат уставните промени“, кажа Груби.

Тој додаде: „Сметам дека е време да се ослободат сите политички партии од регресивни начини на функционирање и да дадат поддршка“.