Грците го затворија граничниот премин Меџитлија

4

Граничниот премин Меџитлија ќе биде затворен од денеска до 4 август, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека грчката гранична служба од граничниот премин „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестриктивни мерки за ковид-19, доставила известување дека грчкиот граничен премин „Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.