Грците ќе носат по две маски од 3 јануари, а угостителите ќе затвораат на полноќ

1

Две заштитни маски или една од моделот „КН95“ ќе се признаваат во супермаркетите и јавниот транспорт во Грција од 3 јануари догодина, со воведувањето на новите рестрикции по зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус, како што најави министерот за здравство Танос Плеврис.

Мерките предвидуваат и затворање на угостителските објекти на полноќ, и ограничување на бројот на посетители на фудбалските мечеви на 10 отсто од стадионот. Работата од дома ќе биде задолжителна во приватниот сектор во ситуации кога тоа е можно, а посетите во домовите за стари лица ќе бидат дозволени само на лицата кои ќе покажат негативен ПЦР тест.