Грција нема да се затвора: Во кафулиња и ноќни барови ќе влегуваат само вакцинирани со проверен дигитален код

9

Од 1 сепетември во Грција ќе биде задолжителна вакцинација за здравствените работници, во јавниот и приватниот сектор. За припадниците на вооружените сили и за регрутите ќе има можност и стимулации за вакцинирање, соопшти синоќа премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис. Тој ги соопшти новите мерки, но рече дека не е планирано затворање на земјата и покрај тоа што бројот на новоинфицирани се зголемува. Повика сите да се вакцинираат

Инаку од петок до крајот на август, сите затворени простории, ноќни клубови и барови, кина и театри, ќе бидат отворени исклучиво за вакцинирани лица. Таму ќе биде ограничен и бројот на посетители.

Четирите мерки, како што објави Мицотакис се

1. Итна вакцинација на вработените во домовите за стари лица станува задолжителна, што е најранлива категорија. Оние што нема да го сторат тоа, ќе бидат суспендирани од работа од 16 август натаму.

2. Од 1 септември, задолжителната вакцинација ќе важи и за здравствените работници, во јавниот и приватниот сектор. Мицотакис рече дека е незамисливо, на пример, невакцинирана медицинска сестра да се грижи за пациент со имуносупресивен карцином.

3. Отсега, постојаните вооружени сили и регрутите ќе имаат можност, но и стимулации, да се вакцинираат во своите единици. Кога и да посакаат.

4. Од петок до крајот на август, сите затворени простории, ноќни клубови и барови, кина и театри, ќе бидат отворени исклучиво за вакцинирани. И со зголемен, но однапред одреден, број на посетители.

За да се види кој е вакциниран проверки ќе се прават со дигиталната апликација, преку QR кодот кој го има на сите сертификати за примени вакцини. Мицотакис рече дека ова е практика што веќе ја следат земји како Данска, Германија, Австрија и Луксембург.

Мицотакис рече дека контролите сега ќе бидат многу строги. Вели дека две сенки, сепак, го спречуваат брзиот и дефинитивен излез од коронакризата – појавата на агресивна мутација на делта коронавирус и процентот на граѓани кои сè уште не сакаат да се вакцинираат.

„Како што предупредуваат научниците дека за малку време или ќе се вакцинираме или ќе се разболиме, решението е едно: нека дојде оваа цел без понатамошна болка. На тоа укажуваат и оние кои денес водат борба во единиците за интензивна нега, кои се 99 отсто невакцинирани. Затоа, не е паника таа што го покажува патот, туку вакцинацијата.

Земјата нема да биде затворена повторно само поради однесувањето на некои. Вкацинацијата значи слобода на многумина и заштита за сите. Затоа што не е во опасност Грција, туку невакцинираните Грци, рече Мицотакис.