Грција не потврдува дека со Србија бил постигнат договор за патување

22

Прелиминарни биле разговорите меѓу министрите за туризам на Грција и Србија за време на нивната вчерашна онлајн средба околу сертификатот за вакцинација и не постоел конечен договор, објасниле извори од Министерство за туризам на Грција за грчките медиуми.

Евентуален договор околу заеднички меморандум, не се споменува ниту во соопштението за средбата објавено од министерот за туризам на Грција. Српската министерка Татјана Матиќ вчера соопшти дека со нејзиниот грчки колега договориле дека од 1 мај до 1 октомври, вакцинираните граѓани од двете земји слободно ќе можат да влегуваат во Грција и Србија и ќе постои заемно признавање на електронскиот сертификат за вакцинација. Но, од грчкото Министерство за медиумите сооштиле дека не постои конечен договор.