ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА ВО КАРАНТИН: До крајот на ноември ќе работат само маркети и аптеки

16

Поради големиот број новозаразени со коронавирусот, властите во Грција одлучија од денеска да воведат карантин на територијата на цела држава. Ова го најави уште завчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој во обраќање до јавноста рече дека не сака да биде одговорен за губење човечки животи, а епидемилошката состојба во земјата е таква која налага да ја воведат оваа мерка.

Во Грција од денеска до крајот на ноември ќе работат само маркетите и аптеките, а граѓаните преку СМС-порака ќе може да побараат дозвола за кратко да го напуштат домот и да си купат што им треба. Исто така ќе работат и градинките и основните училишта, но не и средните училишта.

Поради ваквата состојба, голем дел од бизнисите трпат големи загуби. Дел од сопствениците на малите трговски бизниси и во земјава кои набавуваат разни стоки од Грција велат дека од ден во ден ситуацијата е се полоша.