Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

32

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот на заболени од коронавирус.

Сепак, метежот на граничниот премин Кулата – Промахонас ги натера грчките власти утринава да ја отворат границата за српските државјани кои чекале со часови за влез во земјата.

Грчкиот портал Newsit објави дека српските државјани кои утринава пристигнале на границата ќе може да влезат во Грција.

На граничниот премин од раните утрински часови чекале стотина српски државјани, кои со часови биле заробени на границата меѓу Грција и Бугарија, пренесуваат српските медиуми.

Државјаните на Србија го блокирале преминот кој е отворен за државјани на ЕУ, па царинските службеници поради метежот одлучиле пред седум часот наутро, сепак, да ги пуштат да влезат во Грција, пишува порталот.

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, а ваквата одлука ќе важи до 15 јули.