Грција ја одби Украина за оружје

3

Грција соопшти дека повеќе нема да ја снабдува Украина со оружје, пренесува руската телевизија РТ, повикувајќи се на грчкото министерство за одбрана.

Според грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, испраќањето поголеми количества вооружување на Украина би можело да ја ослаби одбраната на Грција, особено на островите.

Грција претходно ѝ испрати два транспортни авиони со воена помош на Украина.

Во рамки на тие пратки имало и јуришни пушки „калашњиков“, како и ракети за противвоздушен ракетен систем.