Грчката пронацистичка партија Златна зора прогласена за криминална организација по петгодишниот судски процес

26

По судскиот процес кој траеше повеќе од пет години, пронацистичката грчка партија Златна зора е прогласена за криминална организација.

Илјадници луѓе се собраа пред апелацискиот суд во Атина, каде што судиите требаше да изречат пресуди за 68 обвинети, а за одржување на редот беа распоредени околу 2.000 полицајци.

Златна зора освои 18 пратенички места на изборите во 2012 година, кога Грција се бореше со голема финансиска криза. Криминална истрага против партијата почна следната година, по убиството на антифашистичкиот музичар Павлос Фисас.

Лидерот Никос Михалолијакос и шестмина негови колеги се прогласени за виновни за водење на криминална група, приврзаникот на партијата Јоргос Рупакијас е прогласен за виновен за убиството, а 15-мина други за учество во заговор, што вклучува неколку обиди за убиство.

Стотици сведоци дадоа искази и докази во текот на судењето, во чиј центар беше Михалолијакос, кој го основал движењето во средина на 1980-ите и на партиските собири често отпоздравуваше како Хитлер.