Грчкиот премиер ќе изврши реконструкција на владата

6

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе изврши реконструкција на неговата влада, соопшти денеска неговиот кабинет. Портпаролот на Владата, Јанис Иконому ќе ги објави одлуките на Мицотакис во врска со промените во неговиот кабинет, се вели во соопштението на владата.

Грчката влада се најде под жестоки критики во врска со справувањето со големите шумските пожари што зафатија неколку острови и предградијата на Атина. Мицотакис оцени дека пожарите биле последица од глобалните климатски промени.

Владата се соочи и со критики по одлуката за задолжително вакцинирање на одредени групи граѓани.