Г7 ја потврдија поддршката за создавање палестинска држава

2

Лидерите на земјите од Г7, на нивната синоќешна видеоконференциска средба, повикаа на „враќање на поширокиот мировен процес“ меѓу Израелците и Палестинците.

Со тоа тие ја потврдија својата поддршка за создавање на палестинска држава.

„Остануваме посветени на создавањето палестинска држава како дел од решението за две држави што им овозможува на Израелците и Палестинците да живеат во праведен, траен и безбеден мир“, се наведува во соопштението од состанокот на Г7, организиран од јапонскиот премиер Фумио Кишида