Далас без Лука Дончиќ го победи Милвоки на негов терен

6

Далас без повредениот Лука Дончиќ славеше многу вредна победа на гостувањето кај Милвоки со 120:116.

Милвоки е најдобриот тим на истокот кој имаше само три порази до вчерашниот меч. Тие беа голем фаворит против Далас и поради отсуството на Лука Дончиќ, но натпреварот го немаше прогнозираниот тек.

Далас одигра одличен натпревар, водеше речиси во целиот тек и на крајот заслужено дојде до триумф од 120:116.

Во домашниот тим брилијантен беше Адетокумбо со 48 поени и 14 скокови, но не можеше сам. Во отсуство на Дончиќ, кај Далас се истакнаа Порзингис кој имаше 26 поени и 12 скокови и Кари со 26 поени.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 119:133
Торонто – Кливленд 133:113
Хјустон – Сан Антонио 109:107
Мемфис – Мајами 118:111
Милвоки – Далас 116:120
Оклахома – Чикаго 109:106
Феникс – Портланд 110:111