Даниловски: Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа!

146

Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа, предуредува епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Сител.

Тој побара строги рестриктивни мерки и да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови.

„Да се воведе полициски час не од 23 часот, туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми“, изајви Даниловски за Сител.