Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија

32

Европската комисија се сомнева за почеток на преговорите оваа година

Данска и Холандија се двете држави кои го поддржуваат бугарското вето за пристапните преговори на Македонија, пишува бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, за преговарачката рамка за Албанија нема воопшто поддршка.

Претходно и пратеникот Антонијо Милошоски објави дека Бугарија не е сама и има најмалку две земји-членки кои се согласни за блокирање на пристапните преговори за Македонија.

Инаку на средбата на ниво на амасадори во Брисел, Бугарија не само што ја блокирала преговарачката рамка за Македонија, туку и заклучоците за земјата, по што германското претседателство за запрело расправата, бидејќи немало консензус.