Дац и Александар велат: Најдете време за љубов, а ова е нивната нова песна – „Љуби ме“ (ВИДЕО)

74

„Боемското дуо за добро расположение” Дац и Александар имаат нова песна. „ЉУБИ МЕ“ , химната на љубовта веќе е хит на радио станиците.

Во приказната на спотот кој е во продукција на „Pikado Creative Collective“ учествуваат голем број нивни пријатели од градот, меѓу кои и Данило Коцевски (хроничарот на Скопје), членовите на Октет Македонија, дувачкиот состав Брастет Скопје, шахистите Кутирови, Тања Алексиќ , Војо Иванов и други.

Ова дефинитивно ќе биде песна која ќе ја одбележи Новата година и празниците, а Дац и Александар паралелно продолжуваат со своите евегрин забави низ Скопје и Македонија.

– Подзастанете за миг во бркотницата на животот и најдете време за љубов. Споделете го ова видео и ширете љубов – велат Дац и Александар..