Две лица се застрелани во близина на угостителски објект во Старата скопска чаршија, потврдија високи полициски извори.
Инцидентот се случил вечерва кога двете лица се застрелани и според првичните информации починале од повредите.
Од МВР засега само потврдуваат дека имало престрелка без повеќе детали.
Според неофицијалните информации загинатите се поврзани со скопското подземје.
На лице место во Чаршијата во моментот е во тек увид и прибирање на доказите.