Двајца пациенти починаа на Инфективното во Битола

37

Уште две лица починаа на инфективното одделение во Битола. Двајцата биле во тешка здравствена состојба, со хронични заболувања, и починале на возраст од 44 и 72 години.

Во Битола вчера имаше 69 новозаразени лица, 14 оздравени пациенти, додека едно лице почина на 65-годишна возраст.

Од почетокот на пандемијата во Битола се регистрирани 884 случаи на ковид-19, додека активни се 408 случаи.

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во Битола е 70.