Две компании од Пандора документите имаат сопственици од Македонија

6

Сопственици од Македонија се поврзани со две компании опфатени со Пандора документите, најновото истражување на меѓународниот новинарски конзорциум.

На мапата на откритијата на Пандора стои дека субјекти од Македонија се поврзани со две компании во трустовите опфатени со истражувањето но не се посочува за кои лица станува збор. Наведено е дека секоја компанија може да има сопственици од повеќе држави.

Од друга страна, од досега објавените податоци се уште нема потврда дека македонски функционер е вмешан во определени бизнис зделки опфатени во Пандора документите.

Конзорциумот продолжува со објавување на податоци за политичари кои го криеле имотот преку трустови формирани во островските даночни раеви, но и во други држави, како например сојузната држава Јужна Дакота во САД која во меѓувреме израснала во место со добра заштита за податоци за овој тип на префрлање на пари и бизниси..